| четврток, 6 декември 2018 |

Бизнис климата во Македонија тема на средбата Пешевски- Бејли

pesevski bejliВицепремиерот задолжен за економски прашања Владимир Пешевски, денеска се сретна со амбасадор на Соединетите Американски Држави Џес Бејли. Како што соопштуваат од Кабинетот на вицепремиерот, Пешевски ги претставил економските планови и проекти наменети за побрз економски развој и подобрување на бизнис климата во државата. Акцент беше ставен на поддршката во економската сфера која Македонија ја добива од страна на САД и беа истакнати очекувања за унапредување на економските односи. Воедно, вицепремиерот го истакна задоволството од досегашниот тренд на реализирани инвестиции на американските компании во државата.

Соговорниците се осврнаа на прогресот на реформите, односно низата проекти кои се спроведуваат со поддршка на Агенцијата за меѓународен развој на САД – УСАИД. Вицепремиерот го истакна значењето на финансиската и техничка помош, добиена од страна на американската влада, која значајно го поттикнува економскиот развој .

За време на средбата соговорниците го поздравија традиционалното пријателство и партнерство, карактеризирано со одлични билатерални, економски и трговски односи помеѓу двете земји. На крајот двете страни искажаа искрени желби за продлабочување на соработката на полето на економијата и зголемување трговската размена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top