| четврток, 6 декември 2018 |

Шварц не летна во вселената, Ливерпул го приземjи Бjернеби

Чуд­ни­те де­та­ли сѐ по­че­сто се со­ста­вен дел на до­го­во­ри­те ме­ѓу спор­ти­сти­те и клу­бо­ви­те. Во фуд­ба­лот се слу­чу­ва­ле чуд­ни за­бра­ни пре­ку та­ка­на­ре­че­ни кла­у­зу­ли во до­го­во­ри­те, кои пред­ви­ду­ва­ле стоп за лет кон все­ле­на­та, до на­ред­би за сни­ма­ње филм

Зим­ски­от пре­о­ден рок е во тек, сто­ти­на фуд­ба­ле­ри ќе ја сме­нат или ве­ќе ја сме­ни­ја клуп­ска­та сре­ди­на и тре­ба да вни­ма­ва­ат на се­кој де­таљ. Осо­бе­но на до­пол­ни­тел­ни­те ус­ло­ви што ќе им ги на­мет­нат но­ви­те клу­бо­ви, или та­ка­на­ре­че­ни­те кла­у­зу­ли во ос­нов­ни­от до­го­вор. Ги има се­ка­кви, од во­о­би­ча­е­ни и стан­дард­ни за се­кој спор­тист, до не­ве­ро­јат­ни за­бра­ни што се не­ги­ра­ат со се­ко­ја ло­ги­ка и на прв пог­лед изг­ле­да­ат чуд­но во нај­ма­ла ра­ка.

Без кон­ку­рен­ци­ја, на пр­во ме­сто е до­го­во­рот на не­ко­гаш­ни­от швед­ски ре­пре­зен­та­ти­вец Сте­фан Шварц, со кла­у­зу­ла де­ка не смее да ле­та во все­ле­на­та до­де­ка е член на Сан­дер­ленд. Има уште ду­зи­на ане­кси што се за Ги­нис, а има ме­сто и за ле­ген­ди од ка­ли­ба­рот на Са­му­ел Ето, Ди­дие Дрог­ба, Ар­сен Вен­гер…

 

Шварц не сме­ел на Марс

1-Stefan-Schwarz-Sunderland

Сте­фан Шварц оди­гра за Швед­ска 69 нат­пре­ва­ри, бе­ше еден од нај­стан­дард­ни­те ре­пре­зен­та­тив­ци на по­пу­лар­ни­те „ви­кин­зи“, а си­гур­но е фуд­ба­ле­рот со нај­чу­ден до­го­вор во исто­ри­ја­та на фуд­бал­ска­та игра. По ус­пеш­ни­те епи­зо­ди во Ба­ер Ле­вер­ку­зен, Бен­фи­ка, Ар­се­нал, Фјо­рен­ти­на и Ва­лен­си­ја, игра­чот од ре­дот за вр­ска се до­го­во­ри со Сан­дер­ленд во 1999 го­ди­на. На пос­лед­ни­от раз­го­вор со ра­ко­водс­тво­то на клу­бот, Шварц слу­чај­но спо­ме­нал де­ка има жел­ба да ку­пи би­лет за пр­ви­от ко­мер­ци­ја­лен лет во все­ле­на­та и вед­наш до­бил за­бра­на. Се­ка­ко, со кла­у­зу­ла во до­го­во­рот, во кој јас­но пи­шу­ва­ло де­ка му е за­бра­не­то да лет­не во ор­би­та­та. Ба­рем до­де­ка игра­ше за Сан­дер­ленд, а на „ста­ди­о­нот на свет­ли­на­та“ се за­др­жа до 2003 го­ди­на. Шварц бе­ше член на по­пу­лар­ни­те „цр­ни мач­ки“ че­ти­ри се­зо­ни, а се­га е аси­стент- ме­на­џер во швед­ски­от клуб Хел­синг­борг. И ве­ќе не­ма кла­у­зу­ла де­ка не смее да се вив­не во все­ле­на­та.

2-samuel-eto-2Ин­те­ре­сен е слу­ча­јот на Са­му­ел Ето, кој мо­мент­но е член на кал­чо­ли­га­шот Самп­до­ри­ја. И вед­наш се ска­ра со тре­не­рот Си­ни­ша Ми­хај­ло­виќ. Но, не за чуд­на­та одред­ба во до­го­во­рот де­ка мо­ра да сни­ми филм за вре­ме на пре­сто­јот во Џе­но­ва, ту­ку не­до­раз­би­ра­ње­то бе­ше од со­се­ма по­и­на­ква при­ро­да. Ле­ген­дар­ни­от фуд­ба­лер од Ка­ме­рун при пот­пи­шу­ва­ње­то на до­го­во­рот со Самп­до­ри­ја се сог­ла­си за не­го да би­де сни­мен филм и не смее да по­ста­пи по­и­на­ку би­деј­ќи ќе пла­ти каз­не­ни пе­на­ли. Ини­ци­ја­тор на чуд­на­та одред­ба е поз­на­ти­от филм­ски про­ду­цент Ма­си­мо Фе­ре­ро, кој е и сопс­тве­ник на Самп­до­ри­ја. Ако по­тфр­ли на те­ре­нот, 33-го­диш­ни­от Ка­ме­ру­нец ба­рем ќе би­де филм­ска ѕвез­да во Џе­но­ва. Га­ран­ци­ја за тоа е ус­пеш­на­та про­ду­цент­ска ка­ри­е­ра на „газ­да“ Фе­ре­ро.

 

Штан­ге не тре­ба да се за­гри­жу­ва од вој­на во Ирак

3-bernd-stange

Бернд Штан­ге е ви­стин­ски фуд­бал­ски пе­чал­бар и сме­ни 10 клу­бо­ви ка­ко ме­на­џер, а во­де­ше че­ти­ри ре­пре­зен­та­ции ка­ко се­ле­ктор. И сѐ уште е акту­е­лен ка­ко кор­ми­лар на Син­га­пур, но, се­ка­ко, нај­ин­те­ре­сен де­таљ од не­го­ва­та бо­га­та ка­ри­е­ра е па­те­шес­тви­е­то во Ирак. „Ла­во­ви­те од Ме­со­по­та­ми­ја“ го ан­га­жи­раа гер­ман­ски­от струч­њак да им ја пред­во­ди ре­пре­зен­та­ци­ја­та во 2002 го­ди­на, а Штан­ге има­ше спе­ци­јал­ни ба­ра­ња. Ед­но од нив бе­ше да не од­го­ва­ра на по­ли­тич­ки пра­ша­ња пред но­ви­на­ри­те, а нај­ин­те­рес­на е кла­у­зу­ла­та да му би­де обез­бе­ден си­гу­рен пат до до­ма во слу­чај да из­бие вој­на во Ирак. Се­пак, не бе­ше по­тре­бен спе­ци­ја­лен ко­ри­дор за бег­ство на Штан­ге би­деј­ќи тој си за­ми­на во 2004 го­ди­на, не­по­сред­но пред по­се­ри­оз­ни­те конф­ли­кти на ирач­ка те­ри­то­ри­ја. Ни­што чуд­но за кон­тро­верз­ни­от 66-го­ди­шен Источ­но­гер­ма­нец, кој ду­ри бе­ше и вме­шан во лу­стра­ци­ски­от про­цес во по­ра­не­шен ДДР ка­ко ин­фор­ма­тор на „Шта­зи“, оз­лог­ла­се­на­та др­жав­на служ­ба на Источ­на Гер­ма­ни­ја, и тоа со код­но име „Курт Вег­нер“.

4-Arsene-Wenger-Chamberlain

Итар ли­сец е и „веч­ни­от“ ме­на­џер на Ар­се­нал, Ар­сен Вен­гер, а „топ­чи­и­те“ бла­го­да­ре­ние на фран­цу­ски­от тре­нер за­ште­ди­ја па­ри. Не­за­бе­леж­ли­во, тој се гри­же­ше за кла­у­зу­ла­та на Алекс Окс­лејд Чем­бр­лен, спо­ред ко­ја Ар­се­нал мо­ра­ше да му пла­ќа на Са­у­темп­тон по 10.000 евра за се­кој на­стап на Чем­бр­лен за ти­мот од Се­ве­рен Лон­дон што е по­долг од 20 ми­ну­ти. Вред­ни­те ана­ли­ти­ча­ри за­бе­ле­жаа де­ка на по­че­то­кот на ка­ри­е­ра­та во Ар­се­нал Чем­бр­лен пре­че­сто до­би­ва­ше шан­са за на­стап од 71. ми­ну­та, со цел да се за­ште­дат па­ри­те што тре­ба­ше да за­ми­нат во не­го­ви­от по­ра­не­шен клуб Са­у­темп­тон. По 10.000 евра од меч. Се­пак Вен­гер мо­ра­ше да по­пу­шти пред ква­ли­тет­ни­те игри на Чем­бр­лен, кој ста­на стан­дар­ден играч во по­чет­ни­от со­став на Ар­се­нал и ре­пре­зен­та­ти­вец на Анг­ли­ја.

 

До­бар до­го­вор ку­ќа гра­ди за Џу­зе­пе Ре­и­на

5-giuseppe-reina

До­го­вор ку­ќа гра­ди, ве­ли ста­ра на­род­на му­дрост, а по­ра­неш­ни­от играч на Ар­ми­ни­ја Би­ле­фелд Џу­зе­пе Ре­и­на и, бу­квал­но, ја по­чи­ту­ва­ше оваа ма­кси­ма и си за­ра­бо­ти че­ти­ри ку­ќи од 1996 го­ди­на до 1999 го­ди­на. Во тој пер­и­од на­ста­пу­ва­ше за Ар­ми­ни­ја, а, спо­ред кла­у­зу­ла во до­го­во­рот со „си­но-бе­ли­те“ од Би­ле­фелд, за се­ко­ја се­зо­на клу­бот мо­ра­ше да му из­гра­ди по ед­на ку­ќа или да му ку­пи стан. Му­дро од Ре­и­на, а на ше­га Гер­ман­ци­те ве­леа де­ка единс­тве­на ма­на на ане­ксот во до­го­во­рот е што не­ма­ше точ­но на­ве­де­на ква­дра­ту­ра на ку­ќи­те што се ку­пу­ваа за Џу­зе­пе. Ма­ла или го­ле­ма не е важ­но, по­пу­лар­ни­от Пе­пе си на­пра­ви уба­ва збир­ка од до­мо­ви во Гер­ма­ни­ја.

6-bjornebye-stig-2

За истак­ну­ва­ње ка­ко ори­ги­на­лен е и до­го­во­рот што нор­ве­шки­от ре­пре­зен­та­ти­вец Стиг Ин­ге Бјер­не­би го пот­пи­ша со Ли­вер­пул во 1992 го­ди­на. На­ив­но, то­гаш 23-го­диш­ни­от лев бек на Ро­зен­борг се по­фа­лил де­ка ужи­ва да ско­ка од ски-ско­кал­ни­ци и вед­наш до­бил за­бра­на со „украс“ во до­го­во­рот. И стро­га на­ред­ба де­ка не смее ни­ту да стап­не на за­ле­ти­ште, а не, пак, да ле­та од ско­кал­ни­ца. А, ме­ра­кот на Стиг за лет кон не­бес­ни­те ви­со­чи­ни бил го­лем, најм­но­гу и по­ра­ди се­меј­на­та тра­ди­ци­ја. Та­тко му Јо Ин­ге Бјер­не­би е по­ра­не­шен нор­ве­шки ре­пре­зен­та­ти­вец, а стра­ста кон зим­ски­те спо­р­то­ви ја пре­нел и кон си­нот Стиг. Игра­чот на Ли­вер­пул со­се­ма ко­рект­но ја по­чи­ту­вал на­ред­ба­та на ра­ко­водс­тво­то на клу­бот од „Ен­филд ро­уд“ и це­ли осум го­ди­ни не се ни приб­ли­жил до ски-ско­кал­ни­ца. Од 1992 го­ди­на до 2000 го­ди­на Стиг Ин­ге Бјер­не­би со ус­пех го но­се­ше дре­сот на Ли­вер­пул и ап­сти­ни­ра­ше од ле­то­ви кон ви­со­чи­ни­те. По­ра­ди по­вре­да пред 12 го­ди­ни ја пре­ки­на играч­ка­та ка­ри­е­ра, а из­ја­ви де­ка вед­наш по за­креп­ну­ва­ње­то ќе скок­не од најб­ли­ска­та ски-ско­кал­ни­ца.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 128. број на неделникот „Република“, 13.02.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top