| четврток, 6 декември 2018 |

На Кејт Мидлтон ѝ се заглави потпетицата во шахта

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидтлон, заедно со својот сопруг принцот Вилијам, по повод Свети Патрик, ја посети ирската гарда во Хемпшир.

Таа се најде во една непријатна ситуација, тенката потпетица ѝ се заглави во решетка. Опкружена со мажи кои, веројатно, не сфатиле што се случило, Кејт се трудела да ја ослободи потпетицата од решетките, а сите ја гледале и се прашувале што прави војвотката.

За среќа, принцот Вилијам сфатил и кавалерски ѝ пружил рака. Но, не успеал да ја сокрие насмевката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top