| четврток, 6 декември 2018 |

Конечно, уапсен Ш.А., по кого беа распишани три потерници за обид за убиство

S.A.

Министерство за  внатрешни работи соопшти дека вчера е лишен од слобода е Ш.А.(40) од тетовското село Теарце, кој се барал по две централни потерници, како и една меѓународна потерница.

Една од потерниците е од Основен суд Скопје 1 поради основано сомнение дека сторил убиство во обид извршено на 14.08.1999 на бул. „Едвард Карделј“ во Скопје кога со пиштол се обидел да го лиши од живот Џ.Б. Втората потерница, соопшти денеска МВР, е издадена од Основен суд Тетово за издржување правосилна затворска казна во траење од осум години, а за извршено кривично дело „убиство во обид” сторено на 21.07.2009 година во село Теарце кога се обидел да го лиши од живот И.И.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top