Аргентиската ѕвезда во редовите на Барселона, Лионел Меси, изјави дека амбициите на клубот се секогаш исти, освојување на сите трофеи.
Од почетокот на 2015 година сјајниот фудбалер е во одлична форма, што се потврдува со фантастичните резултати на Каталонците во последно време.
Гостувајќи на промоција на „Адидас“, Меси изјави дека минатата сезона не смее да се повтори.
– Минатата сезона останавме без ниту еден трофеј, а тоа е нешто што не смее повеќе да се случи. Претходната сезона не беше добра за мене. Имав проблеми надвор од теренот, но оваа година сакам сето тоа да го исправам со тоа што ќе му помогнам на клубот во борбата на сите фронтови – изјави Меси.
Меси истакна дека клубот има голема желба да се врати на патеката на успесите.
– Играме на високо ниво оваа година. Мислам дека можеме уште да ја унапредиме играта. Посакуваме да освојуваме нови бодови во Примера дивизија и на тој начин да се искачиме на врвот на табелата – заклучи четирикратниот освојувач на „Златната топка“.
Барселона моментно се наоѓа на второто место на табелата зад Реал Мадрид со заостанување од само еден бод.
Следната недела каталонскиот тим го игра првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)