Марио Балотели го постигна голот за победа на Ливерпул против Бешикташ, но наместо јунак на мечот од Лига на Европа, повторно е во центарот на вниманието во негативен контекст. Во 85. минута црномурниот напаѓач беше прецизен од пенал за победа на Ливерпул од 1-0, а на изведувањето на ударот од белата точка му претходеше расправија меѓу Балотели и Хендерсон.
Изведувач на пеналот требаше да биде Хендерсон, но Балотели едноставно му ја грабна топката и одлучи тој да шутира. Тоа создаде дополнителна нервоза во таборот на Ливерпул, а според англиските медиуми особено бесен бил капитенот Стивен Џерард. Балотели има долга листа на вакви или слични испади во сите клубови во кои настапуваше, а дали и колку ќе издржи на „Енфилд роуд“ не се знае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.