| четврток, 6 декември 2018 |

Утрово најстудено во Маврово, а најтопло во Дојран

Времето изутринава е сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Најладно било во Маврово – 8 степени, а најтопло во Дојран, каде што се измерени пет степени.

Во Берово и во Лазарополе се измерени – 6 степени, во Битола и во Крушево – 5, во Скопје Петровец, Охрид, Претор, Тетово и во Дебар – 4 степени, во Крива Паланка и во Прилеп – 3, во Скопје на Зајчев Рид, Куманово, Струмица, Демир Капија и во Пожаране -2, во Штип и во Кавадарци -1, во Виница нула и во Гевгелија 4 Целзиусови степени.

Висината на снежната покривка изнесува 49 сантиметри во Маврови Анови, 31 во Лазарополе и 16 во Крушево.

И денес времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде од 7 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 10 степени.

Времето во наредните денови ќе биде стабилно, претежно сончево и релативно топло време ќе се задржи до сабота, што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top