Во редовите на џихадистите во Ирак војуваат околу 1.700 Руси откако во изминатата година нивниот број е двојно зголемен, изјави директорот на руската Федерална служба за безбедност, Александар Бортников, по работна посета на Вашингтон, јави ТАСС.
Бортников, кој е претседател на Националниот антитерористички комитет, во Вашингтон учествува на самит посветен на спречување на екстремизот и насилството.
Според него, се зголемува бројот на Руси што се приклучуваат во редовите на џихадистите и изгледите за нивно евентуално враќање се причина за сериозна загриженост, нешто што го делат и неговите колеги од други земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.