Булеварот Холивуд деновиве забрзано се подготвува за доделувањето на најголемото филмско признание Оскарот. Статуетките се поставени да ги пречекаат гостите и номинираните в недела.

Наградите на академијата широко познати како Оскари, се годишно доделувани филмски награди од Академијата за филмски уметности и науки како признание за одличноста на професионалците од филмската индустрија, вклучувајќи актери, режисери и сценаристи.

Свечената церемонија на која се доделуваат наградите е една од најважните филмски церемонии во светот и истата се емитува во живо во повеќе од 200 држави. Таа важи и за најстара медиумска церемонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


