| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбена обложувалница Бет сити во Тетово

tetovo

Тешка кражба била извршена синоќа по полноќ кога непознат разбојник украл околу 10.000 евра од обложувачница во Тетово.

Според полицијата, грабежот се слуќил околу еден часот по полноќ во обложувачницата „Бет сити“. Крадецот го искршил катанецот од влезната врата, влегол во просториите и го украл сефот во кој имало 600.000 денари.

Полицијата работи на случајот и трага по крадецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top