Општината Ѓорче Петров ќе гради нова општинска зграда која ќе биде лоцирана во централниот парк во близина на пазарчето. Проектот денеска го најави градоначалникот Сокол Митревски, кој е кандидат на коалицијата „За подобра Македонија“ за уште еден мандат, објаснувајќи дека со тоа ќе се заживее едношалтерскиот систем во општината.
Зградата треба да биде завршена за најмногу четири години, а, како што најави градоначалникот, ќе биде еден од најубавите објекти во Ѓорче Петров.
– Со нејзината изградба ќе оживее едношалтерскиот систем и ќе се обединат сите служби на едно место, а жителите ќе добијат брза услуга од општинската администрација. Конкурсот за јавно-приватно партнерство веќе е распишан, а по завршувањето на локалните избори, ќе биде потпишан договор и ќе се почне со изградба на општинската зграда – рече Митровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.