Јапонија е земја со многу различни навики и обичаи. Погледнете 11 карактеристични работи за земјата на изгрејсонцето, кои се мошне чудни за другите нации.
Се избегнува бројот 4
Во Јапонија бројот 4 се запишува како знак за смрт и се избегнува. Нешто слично како бројот 13 во западната култура. Треба да избегнувате и работи кои се составени од 4 парчиња. Не треба да давате подарок, кој се состои од 4 нешта. Лифтови најчесто немаат 4-ти кат, а во некои екстремни случаи дури ги нема броевите од 40 до 49. Број 49 на јапонски звучи слично како зборовите „болна смрт“ и исто така се избегнува. Практиката да се избегнуваат овие бројки се нарекува тетрафобија.
Да го секнеш носот на јавно место се смета за невоспитано
Не само невоспитано, туку и за одвратно го сметаат Јапонците секнењето на носот. Повеќето луѓе едноставно ги трпат мрсулите додека не најдат некое соодветно, скриено место, каде што можат да ја завршат оваа работа. Јапонците, исто така, ги сметаат марамчињата за нос за гнасни.
Никој не дава бакшиш
Во Јапонија никој не дава бакшиш. Ако си дозволите такво нешто, тогаш тоа или ќе се смета за навреда или келнерот едноставно нема да разбере зошто сте го направиле тоа и ќе ве брка за да ви го врати кусурот. Ако многу сакате да се заблагодарите, можете да оставите мал подарок.
Не е вообичаено да се оди и да се јаде
Во Јапонија не одобруваат да се оди и да се јаде, или да се јаде во метро, како и на друго јавно место. Единствен исклучок е јадење сладолед на улица.
Има луѓе чија работа е да ве буткаат во метрото
Во метрото е толку гужва, а возовите се преполни, што на многу станици постојат луѓе, чија работа е да ги туркаат последните патници, додека вратата не се затвори.
Луѓето заспиваат во метро со глава на вашите раменици
Ако човекот до вас заспие во метро и се потпре на вашето рамо, повеќето Јапонци го прифаќаат тоа како нормално. Можеби причината е бидејќи во Јапонија е вообичаено човек да патува многу долго до работното место и да спие во возот.
Гостите ги соблекуваат чевлите и носат папучи
За луѓето од западните земји тоа е многу чудно. На пример во САД, никој не ги тера гостите да си ги соблекуваат чевлите и тие се изненадени кога во јапонските домови ги тераат да ги соблечат чевлите и кога ќе им понудат папучи. Во бањата има други папучи, кои се само за во бањата. Оваа практика може да се сретне не само во домовите, но и во некои храмови, традиционални ресторани и музеи.
Кога одите на гости, секогаш носете подарок
Да ве поканат во нечиј дом е чест и треба да носите подарок, кој треба да биде убаво спакуван, колку повеќе машнички, толку подобро. Ако ви подарат подарок, мора прво да откажете за да покажете скромност, но потоа задолжително да го прифатите.
Не налевајте си сами во вашата чаша
Во Јапонија никој сам не си налева во чашата. Тоа ќе го направи домаќинот или друг гостин кога ќе забележи дека немате пијалок. Пред да се напиете, треба да почекате некој да каже „на здравје“.
Да спиеш во капсула, слична на ковчег, е нормално
Во Јапонија се популарни хотелите капсули. Тие постојат од 70-тите години на минатиот век. Најмногу се користат од бизнисмените кои работат до доцна и немаат време да се приберат дома или од млади кои се забавуваат во клубовите и имаат потреба од место каде што само ќе преспијат. Тие се евтина алтернатива на хотелите и чинат околу 65 долари на вечер, што е ниска цена. Не се препорачуваат на луѓе кои се клаустрофобични.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.