По рутинската победа над Шалке во првиот меч од нокаут-фазата во Лигата на шампионите, пристигнуваат позитивни коментари за најдобриот играч на светот и член на Реал Мадрид, Критијано Роналдо.
По натпреварот во Гелзенкирхен, тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти, имаше само пофални зборови за играчите на својот тим како и за стрелецот на првиот гол.
– Роналдо постигна гол и асистираше за вториот. Одигра одличен натпревар – беа првите импресии на Анчелоти.
Се врати во голгетерската форма. Му требаше натпревар каков што беше овој. Сѐ помина како што треба и како што беше замислено – додаде Италијанецот.
Со ваквите изјави Анчелоти јасно му даде поддршка на Роналдо по игрите кои ги пружаше во последниот месец.
– Натпреварот не беше со висок интензитет. Шалке се бранеше од почетокот на мечот, обидувајќи се да го загрози нашиот гол преку контранапади. Ние по првиот гол имавме целосна контрола на играта и преку поседот на топката се обидувавме да постигнеме уште некој гол. Задоволен сум со сработеното – заклучи Анчелоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.