Грција денеска го испрати барањето за продолжување на договорот за кредит до партнерите во институциите на ЕУ, јави дописникот на МИА од Атина.
Портпаролот на грчката Влада Гаврил Сакелрадиси изјави дека целта на Атина е да се најдат заеднички допирни точки за постигнување договор и додаде дека се водат интензивни консултации и се прават обиди преку дијалог да се најдат допирните точки.
– Правиме се што можеме со цел постигнување взаемно корисен договор. Нашата цел е што побрзо да склучиме договор – изјави Сакеларидис за телевизијата Скај.
На прашањето што ќе се случи ако не биде постигнат договор, Сакеларидис рече дека претпочита да не одговори, со оглед на тоа што во моментов течат консултации. Тој уште додаде дека Владата нема да потпише договор кој содржи мерки за штедење слични на меморандумот и нагласи дека долгот на Грција е неодржлив.
Министерот за финансии, Јанис Варуфакис по синоќешното гласање за претседател на Грција изрази увереност дека грчкиот предлог ќе биде одобрен преку телеконференција на состанокот на Еврогрупата во петок.
– Сите индикации се добри. На Работната група на еврото (Euroworking group) ќе има резултат кој ќе ги задоволи и грчката страна и претседателот на Еврогрупата. Верувам дека во петок грчкиот предлог ќе биде одобрен преку телеконференција на состанокот на Еврогрупата – рече Варуфакис.
Во меѓувреме, претседателот на Еврогрупата Јерун Дејслеблум на својот профил на Твитер потврди дека го примил барањето на Грција за шестмесечно продолжување.
Последна информација од Брисел, која ја пренесуваат грчките медиуми, е дека Еврогрупата утре ќе одржи вонреден состанок на кој ќе се дискутира за грчкото барање за шестмесечно продолжување на договорот за кредит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Иван влегол во банка да плати кредит, но ѝ го загорчил животот на службеничката
-
Седумнаесет години затвор за македонски државјанин во САД
-
Кинеска направила пластична операција за да не врати кредит
-
Од 2-ри август сите луѓе ќе почнат да живеат „на кредит“-тогаш официјално ќе бидат потрошени сите залихи за 2017-та