| четврток, 6 декември 2018 |

Од 2-ри август сите луѓе ќе почнат да живеат „на кредит“-тогаш официјално ќе бидат потрошени сите залихи за 2017-та

Луѓето на Земјата од 2-ри август ќе започнат да живеат “на кредит” бидејќи од овој ден и официјално ќе бидат потрошени сите планирани залихи за вода, почва и чист воздух за оваа година.

Според наводите на групата за заштита на животната средина, WWF и мрежата Global Footprint, она што треба да не загрижува е тоа што овој ден доаѓа многу порано од минатите години.

-До 2-ри август 2017-та година ќе искористиме повеќе од природата отколку што таа може да го обнови во рок од една година. Тоа значи дека за седум месеци сме емитувале поголема количина на штетни гасови, повеќе сме ги загадиле океаните и шумите отколку што планетата може да поднесе и да се самообнови за една година, сме уловиле многу повеќе риби отколку што ќе бидат родени, сме исекле многу повеќе дрвја отколку што можат да пораснат и сме кознумирале повеќе вода отколку што може да се произведе- се вели во соопштението.

Овој вид на мерење се врши уште од 1986-та година, а оваа година залихите на Земјата се исцрпија многу порано отколку порано.

На пример, во 1993-та година тој ден бил 21-ви октомври, 2003-та година 22-ри септември, а во 2015-та година 13-ти август.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top