| четврток, 6 декември 2018 |

Mеркел сака да работи со Русија, а не против неа

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера изјави дека сака да работи со Русија на обновувањето на мирот во Европа, но додаде дека не може да не го нагласи и прекршувањето на меѓународното право од страна на Москва во екот на украинската криза, пренесоа британските медиуми.

– Сакаме да го оформиме овој европски мировен поредок заедно со Русија, а не против неа – рече Меркел во говорот за време на конференцијата на нејзините конзервативци во источниот германски град Демин.

– Но, ние не можеме да се откажеме од нашите принципи – анексијата на Крим, на пример, е прекршување на меѓународното право – додаде Меркел.

Британските медиуми забележуваат дека тоа била првата нејзина изјава откако проруските сепаратисти го зазедоа стратегискиот град Дебалцево во источна Украина – потег што Берлин го оцени како прекршување на договорениот прекин на огнот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top