Вечерва со натпреварите Шалке – Реал Мадрид и Базел – Порто продолжија натпреварите од нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Десеткратниот актуелен европски шампион Реал Мадрид полесно од очекувањата дојде до предност на гостински терен победувајќи во Гелзенкирхен со 2-0 и го направи реваншот само формалност.
Кристијано Роналдо и Марсело беа стрелци за кралскиот клуб. Роналдо уште еднаш беше стрелец на гостински терен и тоа му беше 13.гол на исто толку гостувања. Тој одлично се снајде во казнетиот простор по одличното нафрлување на Кравахал.
Марсело со фантастичен погодок со десната нога од работа на шеснаесетикот во 79 минута го постави конечниот резултат.
Goal Cristiano Ronaldo – Schalke 0-1 Real… by Video-Live
Во вториот натпревар Базел и Порто одиграа без победник 1-1 иако Порто постигна три гола на овој дуел, од кои првите два беа оправадано поништени.
Базел преку Дерлис Гонзалес поведе во раната фаза од натпреварот, а Порто се спасуваше од пораз во 79 минута со голот на Данило од пенал.
Реваншот исто како и овој натпревар се очекува да биде доста возбудлив бидејќи и двете екипи покажаа со денешната игра дека може да се надеваат на пласман во четвртфиналето.
Derlis Gonzalez Goal Basel 1 – 0 Porto… by goals5
Goal (Penalty) Danilo – Basel 1 – 1 FC Porto… by Football–Live
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




