Нигериската војска денеска информира дека убила повеќе од 300 припадници на екстремистичката група Боко Харам, во борбите во кои нејзините војници повторно го зазеле градот Монгуно, на североисток од државата Борно.
„Повеќе од 300 терористи се убиени, додека неколкумина се заробени“, наведе портпаролот на војската Крис Олуколаде, пренесуваат француските медиуми.
Населението на Монгуно потврди дека градот повторно е под контрола на нигериската војска, но, според нивни тврдења, во борбите имало неколку жртви.
Монгуно, град што се наоѓа на 125 километри северно од престолнината на државата Борно, Мајдугури, екстремистите го зазедоа на 25 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.