До нас во изминатиот период стигнаа многу документи од различни адреси. На дел од јавноста, претпоставувам и луѓе внатре во институциите им е преку глава од тоа што секојдневно го гледаат. Видоа дека не калкулираме, не се плашиме и дека заразлика од медиумите кои работат под притисок, преку наз ќе ја дознаат правата вистина. Не можеме сите документи да ги искористиме. Има документи. Убаво е да видиме документи. Меѓутоа сме сконцентрирани на она што сакаме да го понудиме на граѓаните – вели Радмила Шеќеринска во интервју направено на 25 март 2014 година, пред одржувањето на претседателските и парламентарни избори, во кое таа тврди дека материјалите ги добиле пред изборите.
На прашањето дали имаат документи за државниот врв, таа одговара дека сите документи се за државниот врв.
-Имате ли бомба – ја прашува новинарката
-Ние имаме – одговара Шекеринска
Зоран Заев на ТВ 24 вести во февруари годинава на прашањето на новинарот кога ги добиле материјалите одговара:
– После изборите го добив материјалот, секако
На кого всушност треба да веруваме? Дали ова е уште една лага на СДСМ која сами си ја разоткриваат?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)