Раперот Џозеф Форман (40), односно Афроман, на настап во Мисисипи (САД) нокаутираше обожавателка, која поради слабото обезбедување успеала да се качи на бината.
Раперот, без двоумење, ја треснал со тупаница во лице и продолжил со настапот, иако таа паднала и почнала да плаче и да крвари. Веднаш била повикана полиција, па Афроман бил уапсен и обвинет за тежок физички напад.
Неговата ПР-служба соопшти дека тој „природно реагирал бранејќи се“ од некој што се качил на бината, со коментарот дека „тој никако не може да знае дали станува збор за жена или за маж“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)