| четврток, 6 декември 2018 |

Тениските судии се немилосрдни и кога грешат (видео)

Андреа Петковиќ беше оштетена во клучен момент од мечот против Зарина Дијас, а судиите не сакаа ниту да чујат да ја корегираат очигледната грешка. Топчето беше во аут по ударот на Дијас, но таа го доби поенот наместо Петковиќ. германската тенисерка бурно реагираше, дури и клекна на колена и покажуваше каде падна топчето, но молбите беа попусти.

petkovic

Дијас имаше предност на сет поен, наместо Петковиќ да има брејк поен за израмнување на 6-6. Видно изнервирана Андреа веднаш во следниот удар ја погоди мрежата и го загуби првиот сет со 5-7. Потоа настрада и рекетот, а на крајот и самата Петковиќ, која е елиминирана делумно и заради кардиналната грешка и игнорантскиот однос на судиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top