| четврток, 6 декември 2018 |

Стотици украински војници се предаваат и повлекуваат од Дебалцево

дебалцево

Стотици украински војници им се предаваат на проруските сили во источниот украински град Дебалцево, соопшти денеска прес службата на проруските сили ДАН.

– Во Дебалцево има масовно предавање на оружјето на украинските сили. Ги има на стотици – рече Максим Лешченко, претставник на проруските сили, пренесуваат британските медиуми.

Владините сили денеска почнаа со повлекување од градот Дебалцево, клучниот железнички јазол, рече командантот на провладините единици Семен Семенченко.

-Повлекувањето на силите од Дебалцево се одвива според планот и организирано – рече Семенченко, кој додаде дека „непријателот настојува да им го пресече патот и да го спречи излегувањето на војниците“.

Иако на 15 февруари стапи во  сила примирјето, околу градот Дебалцево се водеа жестоки судири меѓу украинските и проруските сили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top