| четврток, 6 декември 2018 |

Петарда на Расинг, страшна бомба на Боу (видео)

Аргентинскиот првак Расинг одигра симултанка против Депортиво Тачира во Копа Либертадорес и со 5 гола го торпедира домаќинот и лесно ги освои првите бодови во осмата група. Аргентинска петарда пукна во Венецуела, а головите беа прекрасни, вистински бонбони и една страшна бомба. Таа на тројниот стрелец Боу во 52. минута. Проектил што ретко се гледа и многу тешко се брани во режија на корпулентниот напаѓач на Расинг.

ras

Претходно и Лоло постигна убав гол со петица, па имаше и одлична акција во реѓија на Милито и на Боу, се на се меч во кој Расинг презентираше врвен фудбал проткаен со феноменални акции и голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top