| четврток, 6 декември 2018 |

„Набуко“ в петок во МОБ

В петок, во  Македонската опера и балет, ќе биде изведена популарната „Набуко“ на Џузпе Верди. Претставата е со комплетна домашна екипа. Главните улоги ќе ги толкуваат: Ристе Велков, насловната улога, Павлина Новакова-Георгиев, улогата на „Абигаила“, Зоран Сотиров ќе настапи како „Исмаел“, „Фенена“ ќе ја толкува, Ирена Кавкалевска, додека улогата на „Захарие“ му е доверена на басот, Владимир Саздовски. Во останатите улоги ќе настапат, Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски. Диригент ќе биде Бисера Чадловска.

„Набуко“ е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top