| четврток, 6 декември 2018 |

Општината Аеродром и оваа година ќе купи 6. 000 униформи за учениците

uniformi

Општина Аеродром исто како лани ќе набавува училишна облека за учениците од основните училишта на својата територија. Веќе е распишан тендер за 6.000 комплети, а трошоците ќе ги покрие локалната самоуправа.
– Училишната облека ќе биде иста како досега и ќе се состои од сиви панталони, бела блуза со кратки и со долги ракави и тегет елеци со амблем на кој се извезени логото на Општина Аеродром и името на училиштето – појаснија локалните власти.
Девојчињата ќе имаат можност да одберат здолниште или панталони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top