Фудбалерите на Челси доживеаа неочекувана непријатност и мораа да го кршат прозорецот на автобусот за да излезат на стадионот во Париз, на мегдан на ПСЖ во Лигата на шампионите.
Поради лош маневар на возачот, автобусот се заглави во тунелот непосредно пред влезот во соблекувалните на „Паркот на принцовите“, што предизвика доза на страв кај експедицијата на Челси. Сепак тие се снајдоа и истрчаа неповредени на теренот во Париз, каде го играат првиот осминафинален дуел со ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.