| четврток, 6 декември 2018 |

Големо признание, Доријан Бабунски капитен на јуниорите на Реал Мадрид во меч од ЛШ

Доријан Бабунски го игра својот меч на кариерата и тоа како капитен на јуниорите на големиот Реал Мадрид против Порто во Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години.

Бабунски е првиот македонски фудбалер што бил капитен на „кралскиот клуб“ во било која категорија, а тој е вториот Македонец што настапил во Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години. Лани Дени Илиев бранеше за Арсенал во премиерното издание на ЛШ за играчи до 19 години.

dori

Бабунски игра во нападот на Реал Мадрид, има само 18 години и го минува патот на легендарните Раул Гонзалес, Гути, Касилјас и дузина други играчи што играле за „кралевите“ во младинските категории, а направиле прекрасни фудбалски кариери. Во фазата по групи Бабунски на двапати добиваше шанса од клупата, а сега за првпат е стартер и тоа како капитен го предводи младинскиот погон на „кралскиот клуб“ во битката против Порто.

По првото полувреме на дуелот од осминафиналето во Мадрид, меѓу Реал Мадрид  и Порто немаше голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top