| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите запалија живи 45 луѓе во Ирак

­ Џихадисти од Исламска држава во градот Ал Багдади на запад во Ирак живи запалија 45 луѓе, соопштија денеска локалните власти.

Не е јасно засега кои се жртвите и зошто се убиени. Според Би-­Би-­Си дел од нив најверојатно се припадници на ирачките безбедносни сили.

Припадниците на ИД минатата недела зазедоа најголем дел од градот Ал ­Багдади, што се наоѓа во близина на ирачката воен абаза Аин ал­ Асад. Ирачки воени претставници наведуваат дека сега ИД напаѓаат домови на луѓе од ирачките безбедносни служби и локални официјални лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top