| четврток, 6 декември 2018 |

ОН: Најмалку 5.665 лица загинале досега во Украина

украина

Најмалку 5.665 луѓе загинале, а 13.961 се повредени од почетокот на судирите во источниот дел на Украина во април минатата година, па сè до 15 февруари оваа година, соопшти портпаролот на канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права (УНХЦР), Руперт Колвил.

УНХЦР и Светската здравствена организација (СЗО) предвидуваат дека овие бројки би можеле набрзо да се зголемат бидејќи собирањето податоци за жртвите во периодот пред влегување во сила на прекинот на огнот било одложено поради судири.

– Вознемирени сме поради извештајот за постојано гранатирање на градот Дебаљцев, но досега не успеавме да добиеме доверливи податоци за борбите или жртвите на ова подрачје – истакна Колвил додавајќи дека посебно се загрижени поради илјадниците цивили кои се заробени во овој украински град.

Во Дебаљцев веќе неколку недели се извршуваат артилериски напади, а медиумите пренесуваат дека денеска првпат се водат и улични борби.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top