Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска оствари работна средба со македонскиот уметник со интернационална кариера, Дуке Бојаџиев, кој е еден од најзначајните современи македонски композитори кој долги години живее и успешно твори во Њујорк. На средбата присуствуваше и директорката на Македонската Филхармонија, Маја Чаначевиќ.
Бојаџиев е задоволен од одѕивот за неговите четири концерти кои ги изведе изминатиот викенд во Скопје („Сон. Верба. Љубов“ со Македонската филхармонија во петокот, два концерта во МКЦ во саботата) и концерт во Битола во неделата, a поради голем интерес од публиката, Бојаџиев деновиве ќе одржи концерт и за велешани во новиот театар, пред неговото заминување во сабота во Њујорк каде што живее и работи.
Тој по средбата со министерката Канческа-Милевска соопшти дека во втората половина на годинава заедно со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе настапат во престижниот „Карнеги хол“ во Њујорк, во рамки на „Денови на македонската култура“ во центарот на светот. Во мај годинава Бојаџиев ќе биде вклучен и во програмата за одбележување на Св. Кирил во Рим.
Министерката Елизабета Канческа-Милевска рече дека преку годишните програми Министерството се грижи за македонските музичари кои се гордост на Македонија и успешно ја презентираат нејзината култура.
–Не можам ни да замислам што ќе ми значеше некој да ме поддржи кога јас се развивав како музичар. Пресреќен сум од се што овие години се случува во музиката и филмот, како и од професионалниот однос во уметноста, што фалеше долго во Македонија. Тоа сега се повеќе го чувствувам кога доаѓам… Имавме прекрасен викенд, со голем одѕив и распродадени концерти. Се потрудивме да дададеме се од себе, имаше убав фидбек од публиката и е убаво чувството дека тоа што си сакал да го пренесеш, си го пренел, и повеќе од што си очекувал, рече Бојаџиев.
Програмата во „Карнеги“ ќе биде слична со концертот од петокот во Скопје, но планира да настапат музичари од Њујорк кои не можел да ги донесе во Македонија. Некои од нив и се познати на македонската публика од концертот што Бојаџиев го одржа во 2011 година на Античкиот театар во Охрид со Камерниот оркестар на Филхармонијата.
-Ќе биде ова што го слушнавте тука, измешано со елитна музичка сцена од Њујорк, споено со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија. Очекувам дека ќе биде исто толку убаво како тука, ако не и поубаво, рече македонскиот музичар со завршен медицински факултет.
Директорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ на средбата со медиумите истакна дека концертот на Бојаџиев бил дел од од македонски и на светски композитори. Концертот „Сон. Верба. Љубов“ беше спој на фрагменти од музика што Бојаџиев ја создал за македонски филмови (До балчак, Сенки и Војната заврши) и композиции од албумот „Љубовта е патот“ кои се комбинација од авторска, филмска музика и изворно македонско творештво. На концертот настапија и неговите соработници Крсте Роџевски (вокал), Исмаил Лумановски (кларинет) и Матијас Кунцли (перкусии)востановената практика да се негуваат и други
жанрови.
-Покажавме дека звукот на оркестарот и тоа како може да биде интересен и атрактивен за сите љубители на музката воопшто, не само за љубителите на класичната музика, рече Чанаќевиќ. Соопшти дека покрај концертот со Дуке во „Карнеги“, Камерниот оркестар на Филхармонијата во Њујорк ќе има уште еден концерт, на друга локација, со изведба на делa од македонски и на светски композитори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.