Грчките истражни органи издале наредба за апсење на поранешен службеник во американската амбасада, на кого му е покренато обвинение за шпионажа, пренесе Радио Атина.
Наредбата за апсење се однесува на 65-годишниот поранешен службеник во Амбасадата на САД во Атина, (со иницијали W.B.), за кого се смета дека е главниот лик во големиот скандал со прислушување на телефоните на поранешниот грчки конезрвативен премиер Костас Караманлис и на други лица.
Според грчкиот печат, прислушувањата почнале пред Олимписките игри, во летото 2004 година. Телефоните на неколку министри од кабинетот на Костас Караманлис, меѓу кои и на грчкиот премиер, биле незаконски прислушувани до март 2005 година.
Во тој период се претпоставуваше дека зад незаконските прислушкувања стоело „непознато лице, кое користело висока технологија“.
Освен премиерот, непознатиот извршител, исто така, ги прислушувал телефоните на неколку членови на неговата Влада и на претставници на опозицијата.
Непознатите извршители прислушувале речиси 100 лица, а капацитетот на системот што го создале дозволувал да се прислушуваат разговорите на илјадници мобилни телефони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.