Словенечката влада најави дека ќе ги приватизира водечките банки во следните неколку години.
Словенчкиот гувернер, Боштјан Јазбец, изјави дека зад кампањата во која централната банака се прозива за манипулации со податоците за состојбите на банките пред да бидат докапитализирани од државата, се крие желба да се спречи приватизацијата на банките.
– Не обвинуваат за фалсификување на документи и манипулирање на податоци, но правиот мотив за тие напади може да биде настојување да се спречи приватизацијата на банките, изјави гувернерот кој за аферата мораше да одговара пред парламентарниот одбор за контрола на јавните финансии.
Доколку се спречи приватизацијата на банките во Словенија, тоа би можело да биде многу опасно, напомена Јазбец.
Има реакции дека централната банка неправилно ги прикажала состојбите во домашните банки пред ги докапитализира со 3,5 милијарди евра кон крајот на 2013.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.