На седмата годишнина од независноста на Косово според мислењето на аналитичарите се најде пред најголемиот предизвик, сличен на почетоците на кризата и војната со масовен егзодус на населението,пишува приштински „Коха диторе“.
„Тоа се смета за суштински показател кој говори за неуспешност на институциите“, оценува „Коха Диторе“.
Весникот истакнува дека и по седум години од своето постоење, државата не успеала правилно да се одржи на нејзините три главни столба: парламентот,владата и судството.
Аналитичарите изјавуваат дека за седум години државност Косово забележал многу мал напредок и многу неуспеси.
Аналитичарот Бехлуј Беќај потсетил дека од денот на независноста со релативно прифатлива брзинасе формирале основните столбови на државатаи нејзините три столба на власта: собранието, владата и судството,вклучувајќи ги и нивните формални основи.
Како второ според неговите изјави, Косово изградило локална и централна јавна администрација, а потоа повеќе или помалку ги комплетирало ситезаконски услови за почеток на нормалното функционирање на државата. Но, тогаш почнале да се редат неуспесите.
„За жал, сето ова во практичната примена ги потврдило недостатоците инефункционалностите бидејќиСобранието не успеало да јаизвршифункцијата на спроведување на законот, што значи дека контролата не функционирала воопшто“ изјавил Беќај.
Весникот „Жери“ пишува дека седмата годиншнина на Косово се наоѓа во длабока економска криза,екстремна сиромаштија, висока стапка на невработеност, криминал и корупција на највисоко ниво.
Во својот седми роденден Косово влегува болно, бидејки масовниот егзодус тешко го „повредило“, пишува весникот.
Оцените на економските експерти покажуваат дека во последните седум години од осамостојувањето економија бележи паѓање.
Ибрахим Реџепи, директор на весникот „Страш“, изјавил дека сите показатели се намалиле, што се рефлектирало во растот на невработеноста и сиромаштијата.
„Сегашното ниво на раст не е доволно за надминување на големи екомонски и социјални проблеми кои не престануваат да се зголемуваат. На одржување на позитивно ниво на раст вогласвно влијаеше јавниот сектор кој прво бешекарактеризиран со голем број на странски инвестиции, кои подоцна почна да се намалуваат“ изјавил Реџепи.
Сепак додаде тој, структурата на инвестициите не била добра бидејќи тоа не гарантирало долгорочен развој воглавно поради фокусот кој е ставен напатната инфраструктура.
„Истовремно како да биле заборавени другите значајни сектори кои можат да влијаат на квалитетот на животот, животниот стандард и вработувањето,како што се образованието, здравството и земјоделството“ изјавил Реџепи за„Косова Сот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)
-
Расте сиромаштијата: Зголемени трошоците на живот и цените на мало
-
Семејството Јусуфовски живее на излезот од Охрид во ужасни услови: Нема струја, кревети пред распаѓање и под од земја и камен…