Британскиот актер Бенедикт Камбербач, кој се прослави со улогата на познатиот детектив во серијата „Шерлок“, се ожени со Софи Хантер. Двојката го кажа судбоносното „да“ на денот на вљубените, а наскоро новите сопружници ќе станат и родители.
Свадбената церемонија, на која присуствувале роднини, блиски пријатели и колегите од серијата на Камбербач и Хантер, била на островот Вајт.
Камбербач в недела, 22 февруари, ќе присуствува на церемонијата за доделување на наградите на филмската академија во Лос Анџелес, како еден од петтемина актери номинирани за „Оскар“ за главна машка улога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.