| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарската полиција уапси 185 емигранти, најмногу од Косово

ими

На територијата на унгарскиот пограничен регион Чонград се уапсени нови 185 лица за илегален премин на границата, во најголем дел од Косово, потврди унгарската полиција.

Најголемата група е уапсена во близина на селото Морахалом, во која биле 52 лица од Косово, Авганистан и од Сирија, што илегално ја минале „зелената граница“.

Унгарската полиција објави дека е почната постапка против 174 лица од Косово и уште 52 емигранти од неколку држави, што се уапсени во периодот меѓу 13 и 15 февруари на територија на Унгарија.

Имигрантите се уапсени во вкупно 41 група, што се забележни во илегален престој во Унгарија, а меѓу нив се и 25 деца. Сите побарале азил и се предадени во надлежност на имиграциските служби, соопшти полицијата.

Во изминатите 72 часа унгарската полиција уапси за илегален премин на границата 1.298 лица.

Против 14 лица се покренати кривични постапки за шверц на луѓе, а против седум за фалсификување документи.

Деновиве полициите на Унгарија и на Србија договорија зголемен надзор на границата со цел да се спречи илегален премин на мигранти од Косово.

Истовремено, ЕК ги повика косовските власти итно да преземат мерки за спречување на бранот емигранти од Косово кон ЕУ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top