Со максималниот број гласови и од публиката и од жирито, Бојана Стаменов со „Цео свет је мој“ е одбрана за претставничка на Србија на „Евровизија“. Србите годинава одлучија да испратат некој талентиран, но неафирмиран претставник. По аудициите низ неколку градови, од многу кандидати беа избрани десет финалисти.
Меѓу нив, најмногу внимание привлекуваше некогашната кандидатка за „Мис Максим“, Гога Станиќ, млада пејачка која на јавноста ѝ е позната по љубовните врски со некои познати српски ергени, но и по разголените фотографии за машки магазини.
Сепак, Станиќ не стигна до големата тројка – Бојана Стаменов, Даница Крстиќ и Алекса Јелиќ . Тие настапија со песни напишани од композиторот Владимир Грајиќ, кој е автор на победничката „Молитва“ на Марија Шерифовиќ. За текстот на песните се погрижи Леонтина Вукомановиќ.
Дваесет и осумгодишната Бојана Стаменов јавноста ја запозна на „Јас имам талент“ каде што го освои четвртото место, а Србите поради моќниот гласи и стилот на пеење ја споредуваат со Арета Френклин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)