| четврток, 6 декември 2018 |

Инспирирана од љубовта – нова колекција на Ивана Кнез (ФОТО)

Ivana Knez_Nova kolekcija

Мини-колекција изработена во лимитирана едиција, со специфични дезени и форми и со акцент на самото лого на брендот, дизајнираше Ивана Кнез, под потписот на „Драма студио“.

Ivana Knez_Nova kolekcija 4

И оваа колекција го задржува автентичниот сензибилитет што го создава Ивана Кнез, страст, мистичност, сензуалност и силна и храбра емотивност. Во целата оваа драма-тична приказна најмногу се идентификува моделот Марина Цигарида.

Ivana Knez_Nova kolekcija 2

– Како заштитно лице на колекцијата овој пат се јавува Марина Цигарида, регионален менаџер на „Авон Македонија“. Марина е сето она што една жена треба да биде, негувана, деликатна, единствена убавина. Грациозна жена која сосема се вклопи во приказната на колекцијата. Соработката се комплетираше со употреба на декоративната козметика на „Авон“, во боја на црвено лале, во боја на љубовта – вели модниот дизајнер, Ивана Кнез,.

Ivana Knez_Nova kolekcija 6

За комплетниот изглед на Марина беа задолжени  Даниел Николовски, шминка и Милена Цапов, фризура. А за магијата на фотографиите беше задолжен Жарко Чулиќ, кој е петгодишен соработник на „Драма“.

Ivana Knez_Nova kolekcija 3 Ivana Knez_Nova kolekcija 5

Ivana Knez_Nova kolekcija 7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top