Најмалку 35 исламисти се убиени во судири со сириските Курди околу градот Кобане, во близина на турската граница, соопштија сириски опозициски активисти.
Борци на групата „Исламска држава“ се убиени во три одвоени судири, соопшти сириската опсерваторија за човекови права.
Според сириските активисти, во регионот на Кобане меѓународната коалиција предводена од САД извршила повеќе воздушни напади на територии под контрола на борци на ИД, но не објави податоци за евентуални жртви во нападите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.