| четврток, 6 декември 2018 |

Опозициски медиуми објавија: „Македонски анонимуси“ ќе објават материјал што Заев сака да го скрие

anon

Ние се бориме за слобода, ние се бориме за правда! Ова што ѝ се случува на Македонија е креирано сценарио на странски служби и домашни платеници и извршители. Со цел вистината да биде достапна до сите, но целата вистина, не половична, селективна и монтирана , ние го хакиравме дувлото на оние кои го креираат сето ова, а се поврзани со лицето Зоран Заев- стои во видео пораката потпишана од извесни „Македонски анонимуси“ којашто ја објави „Фокус“.

Понатаму, во пораката се вели:
Не сакаме да дозволиме на кукавички и неправеден начин некој да создава магла, да шири креирани случаи, да сее страв, да уценува, да се заканува и да го руши мирот во Македонија.

Македонски анонимуси преку видеото кое го пренесе „Фокус“ најавуваат дека деновиве ќе објавеле работи кои, како што велат, опозицијата и Зоран Заев ќе сакаат да ги скријат.

Во акцијата Пуч во која шест лица се осомничени дека преку употреба на незаконски средства на следење и шпионирање со упатување сериозни закани кон високи државни функционери. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, Зоран Верушевски, неговата сопруга, вработен во Општина Струмица и две лица од МВР, едниот вработен, другиот поранешен вработен во оваа институција, сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top