Осомничениот за двата смртоносни напади од сабота во данската престолнина Копенхаген во неделата навечер е идентификуван како 22-годишниот Омар ел-Хусеин, дански муслиман, објавија копенхашкиот дневен весник Ekstra Bladet и данската телевизија TV2.
Момчето, коешто беше застрелано пред неговиот дом во понеделникот претпладне во престрелка со полицијата, пред две седмици излегло од затвор, каде што одлежувало казна поради физички напад.
Весникот Ekstra Bladet, кој ја објавува и фотографијата на Омар ел-Хусеин, додава без да го наведе својот извор, дека информациите познати за ова момче се совпаѓаат со информациите коишто ги објавија данските истражни органи.
Полицијата во соопштението објави податоци од неговото судско досие. Омар ел-Хусеин во декември е осуден затоа што една година пред тоа, без посебна причина и непредизвикан, со нож избодел 19-годишник на железничката станица во Копенхаген. Поголемиот дел од изречената казна ја минал во притвор пред завршувањето на судењето.
Момчето, според сознанијата на весникот, бил член на бандата Бротас, која оперирала во квартот Ноеребро, каде што во близина на железничката станица, инаку во близина на претходно нападнатите културниот центар и еврејската синагога, пукал врз полицајците кои дошле да го приведат, кои возвратиле и го убиле.
Данската полиција инаку не го соопшти името на осомничениот. „Момче е на возраст од 22 години, роден во Данска, познат на полицијата по неколку дела, меѓу кои и неовластено носење оружје и насилно однесување. Познат е и поради поврзаност со банди деликвенти“, се додава во соопштението.
Инцидентот пред синагогата во кое е убиено момче од локалната еврејска заедница кое ги проверувало гостите на прослава, следеше откако во културниот центар во Копенхаген непознати лица отворија оган на трибина посветена на исламот и слободата на говорот, на која присуствуваше и шведскиот карикатурист Ларс Вилкс чија глава беше уценета од радикалните исламисти затоа што во 2007 година објави карикатура на пророкот Мухамед кого го претстави како пес, при што беше убиено лице а ранети двајца полицајци.
Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит го квалификуваше нападот како „терористички чин“. Уметникот Ларс Вилкс изјави дека станува збор за атентат врз него, инаку тој е под постојана полициска заштита, и дека напаѓачот најверојатно бил инспириран од нападот од 7-ми јануари во Париз во редакцијата на сатиричниот магазин Charlie Hebdo кој исто така примаше закани поради објавување на карикатури на пророкот Мухамед, кога беа убиени 12 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.