Тешко се кали челикот, особено со голобради момчиња против искусни екипи во Лигата на шампионите, што на своја кожа го почуствуваат талентите на Металург во дуелот со ракометниот гигант Кил.
Популарните зебри славеа убедливо со 35-16, во меч чиј победник беше извесен однапред. Лошиот период од 25 минути без гол во првиот дел, кога Кил од 3-3, со серија од 14-0 стаса до 17-3 беше пресуден за убедливиот пораз на Металург. Голобрадите момчиња од Скопје покажаа заби во вториот дел и не дозволија рекорден пораз, што би влегол во историјата на Лигата на шампионите. Сепак и 19 погодоци разлика е премногу, а македонскиот првак го израмни клупскиот негативен рекорд со дебаклот од 16-35 против Кил.
По поразот во Германија, Металург нема шанси да го избегне последното место во А групата, бидејќи има 3 бода и натпревар со Загреб дома, со што ќе се прости со овој циклус натпревари во ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.