Младите ракометари на Металург треба се уште да го печат занаетот, а вистинска лекција по ракомет им одржаа искусните волци од Кил по првиот дел од мечот од 9. коло во Лигата на шампионите. По 30 минути игра зебрите од Германија водат со 17-3, а цели 20 минути не им дозволија на гостите од Скопје да им ја затресат мрежата.
По почетните 3-3 ракометарите на Металург почнаа во серија да грешат, па домашните играчи сурово казнуваа и направија импресивна серија од 14-0. Два гола за гостите постигна новото засилување Бувиниќ, а еднаш во листата на стрелците се запиша Талевски. Овие 3 гола во едно полувреме се најмал број на постигнати погодоци во ова издание на Лигата на шампионите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.