Металург има тешко гостување кај гигантот Кил, вечерва од 19,30 часот во претпоследното деветто коло во Лигата на шампионите. Македонскиот првак нема шанси за плсаман во четвртфиналето, Кил е веќе меѓу осумтте најдобри во Европа, па се очекува ревијален меч.
Иднината на Металург, против искуството на ракометарите на Кил, клуб што е синоним за успех во европскиот ракомет. Популарните „зебри“ со победа вечерва ќе го обезбедат првото место во А групата,што им носи полесен противник во клучниот двомеч за пат во Келн на фајналфор турнирот. Металург е последен со 3 бода и му треба подвиг и победа за да се обиде да го избегне фенерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



