| четврток, 6 декември 2018 |

Вавринка го смени Бердих на тронот во Ротердам

Станислас Вавринка потврди дека е мајстор за финални натпревари на АТП турнирите и петти пат по ред го добива мечот за титула, овојпат во Ротердам.

vavrinka

Швајцарецот го победи Томаш Бердих со 2-1 во сетови, со пресврт и ја освои титулата. Бердих поведе со 1-0, добивајќи го првиот сет со 6-4, но не успеа да ја одбрани круната во Ротердам. Вавринка беше подобра во продолжението и со 6-3, 6-4 го доби финалето со 2-1. Од јуни 2013 швајцарскиот ас има 5 победи во низа во финалните мечеви на машките турнири од АТП серијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top