| четврток, 6 декември 2018 |

Поради страв од напад откажана карневалска поворка во Германија

Полицијата во северниот германски град Брауншвајг ја откажа традиционалната годишна карневалска поворка малку пред почетокот во неделата, поради стравување за можен терористички напад. Портпаролот на локалната полиција за агенцијата DPA изјавил дека примиле информација за можна закана ноќта кон неделата.

-Веродостојни државни безбедносни извори ја известија полицијата дека постои конкретна опасност од напад со исламистичка заднина, рекол полицискиот портпарол.

Карневалот, познат како „Шодувел“, најголемиот во северна Германија и се одржува во викендот пред почетокот на велигденските пости во католичкиот свет. Се очекуваше дека манифестацијата годинава ќе привлече 250 илјади во Брауншвајг, од кои многумина доаѓаат до соседните градови. Во поворката беше предвидено да учествуваат 4.500 луѓе.

Според градоначалникот Улрих Маркурт и „маршалот“ на парадата Герхард Балер откажувањето го соопштиле во 11 часот, непосредно пред почетокот кој бил закажан во 12.20 часот по локално време.

Претходно во неделата беше објавено дека е засилен надзор на границата кон Данска, во чиј главен град во неделата се случија два напада со исламистичка заднина во кои во културен центар на трибина за исламот и слободата на говорот беше убиено едно лица, а подоцна пред синагога беше убиен припадник на локалната еврејска заедница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top