| четврток, 6 декември 2018 |

Индонезија ќе ги враќа дома жените кои во странство работат како слугинки

индонезија

Претседателот на Индонезија, Јоко Видодо вети дека ќе го запре бранот на заминувањето на печалба во странство на жените од оваа 250 милионска држава.

Жените од Индонезија во странство најчесто работат како слугинки, а најмногу ги има во соседната Малезија.

Најмалку 2,3 милиони Индонезијци, од кои над 60 отсто жени, работат во странство. Од нив над 90 проценти се куќни помошнички кои работат по 24 часа дневно, без ниту еден ден одмор во годината.

Ветувањето на Јоко Видодо дека ќе го запре одењето на жените од Индонезија на работа како слугинки во странство не е прва најава за соочување со овој проблем. Слично вети и поранешниот претседател Сусило Бамбанг во 2012 година, но не беше преземено ништо.

Министерот за труд на Индонезија Ханиф Дакири изјави дека ќе се подготви план за прифаќање на жените што ќе се враќаат во Индонезија, за кои треба да се обезбеди социјална помош и работа.

Првиот чекор е направен со тоа што е отворен воздушен мост со Малезија преку кој со воени авиони „Херкулес“ веќе се вратени над 8.000 жени, кои побарале помош од амбасадата на Индонезија во Куала Лумпур.

Не споменувајќи имиња, министерот Дакири рече дека две држави во Азија се големите извозници на куќни помошнички, бебиситерки и хотелска послуга. Познато е дека втората држава се Филипините, но најголем број Филипинки во странство на работа заминуваат со дипломи и лиценци за работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top