| четврток, 6 декември 2018 |

Ибракадабра се враќа во Милан?!

Златан Ибрахимовиќ по пет години би можел да се врати повторно во Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Поради тешката повреда на коленото, Манчестер јунајтед не ја активираше клаузулата за продолжување на соработката со Швеѓанецот кој сега е во потрага по нов тим. Иако има понуди од Кина и САД, неговиот менаџер Мино Рајола вели дека популарниот Ибра, сепак, би останал во Европа.

Милан е една од опциите. Ибрахимовиќ за Милан играше од 2010 до 2012 година и на 85 натпревари постигна 56 гола. „Росонерите“ потоа го продадоа на ПСЖ за 20 милиони евра.

Швеѓанецот изминатава сезона со 28 гола на 46 натпревари беше прв стрелец на Јунајтед, но сезоната ја заврши со повреда во последната минута од реванш четвртфиналето во Лигата на Европа со Андерлехт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top