| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хамбург се одржуваат покраински избори

хамбург

Во германската покраина Хамбург денеска се одржуваат избори за членови на покраинскиот Парламент, на кои се очекува Социјалдемократската партија на Германија (СПД) да го задржи апсолутното парламентарано мнозинство.

Како што јави ДПА, според анкетите на јавното мислење, СПД се очекува да добие околу 47 отсто од гласовите, а далеку зад неа со околу 17 проценти поддршка би требало да се најде Христијанско демократската унија (ЦДУ) на германската канцеларка Ангела Меркел.

Анкетите предвидуваат дека евроскептичната конзервативна партија Алтернатива за Германија (АФД), формирана пред само две години, ќе освои пет отсто од гласовите, со што ќе обезбеди места во Парламентот на Хамбург. Досега АФД има мандати само во три покраински парламенти и тоа на истокот од Германија, а ова ќе биде првпат таа да освои пратенички места во покраина во западниот дел на земјата.

Според аналитичарите, ваквите прогнози му даваат можност на популарниот прв човек на Хамбург, Олаф Шолц да очекува уште еден петгодишен мандат.

Поразот на ЦДУ во Хамбург не се очекува да има последици по канцеларката Меркел, имајќи предвид дека Хамбург е традиционално левичарски настроен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top