| четврток, 6 декември 2018 |

Иранскиот филм „Такси“ добитник на „Златната мечка“

taksi

Филмот „Такси“ на иранскиот режисер Џафар Панахи синоќа ја доби наградата „Златна мечка“ за најдобро филмско остварување на 65. Берлински филмски фестивал.

Наградата за најдобра режија ја поделија Романецот Раду Јуде за филмот „Аферими“ и Полјачката Малгоржата Шумовска за „Тело“.

За најдобра актерка е прогласена Шарлота Ремплинг за улогата во филмот „45 години“ на британкиот режисер Ендрју Хејг, додека нејзиниот партнер во истото остварување Том Кортни е награден за најдобар глумец.

Наградите ги доделуваше седумчлено жири со кое претседавше американскиот режисер и продуцент Даниел Аронофски.

На овогодишното Берлинале беа прикажани над 400 филмови, од кои 19 беа во конкуренција за „Златната мечка“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top