Според описот на очевидците тој е на возраст 25-30 години, , атлетски граден со арапски лик, и носел црн автомат.
Органите на редот изјавија дека е премногу рано да се каже дали инцидентот е поврзан со нападот врз културниот центар “Крудтонден” при кој загина еден човек, а тројца беа повредени.
Утрово данската полиција застрела маж во Копенхаген во близина на објектите на двата напади, во кои беа убиени двајца цивили и повредени петмина полицајци, пренесе Ројтерс, цитирајќи соопштение на полицијата на Твитер.
“Човекот беше предупреден да престане. Тој отвори оган врз полицајците и беше застрелан. Мажот почина. Нема повредени полицајци”, гласи пораката за инцидентот во соседството Н оребро близу до железничката станица.
Органите на редот во Шведска и Германија почнаа интензивни проверки на сите автомобили кои ја минуваат границите со Данска
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.